Дома Фудбал Англија Лампард ги израдува навивачите на Челзи: Не е лошо како што се чинеше…

Лампард ги израдува навивачите на Челзи: Не е лошо како што се чинеше…

Најдобриот стрелец на Челзи, Тами Абрахам, не е толку тешко повреден како што изгледаше на почетокот, барем според тренерот на Сините, Френк Лампард.

Да потсетиме, Абрахам се повреди на синоќешниот дуел во Лигата на шампионите против Валенсија на „Местаља“ и го напушти теренот во самиот финиш на првото полувреме.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со оглед на тоа што гримасата на лицето му беше навистина болна, навивачите на Челзи се исплашија дека ќе го чека подолга пауза, но се чини дека сепак нема да биде така.

“На полувремето изгледаше дека ситуацијата е сериозна, но сега се чини дека е поинаква. Тоа е се што можам да кажам во овој момент” – рече Лампард по натпреварот.

Инаку, Челзи може да биде прилично задоволен со бодот на Местаља бидејќи сега со освоен бод во последното коло против Лил на домашен терен ќе се пласираат во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…