Дома Фудбал Ламела „рабоната“ си ја поништи со црвен картон, Арсенал го доби лондонското дерби 🎥

Ламела „рабоната“ си ја поништи со црвен картон, Арсенал го доби лондонското дерби 🎥

Во денешното дерби во Премиер лигата Арсенал дојде до победа против Тотенхем од 2:1.

Тимот на Артета дојде до победа со пресврт откако прво имаше негатива. Тотенхем до предност стигна преку Ерик Ламела.

Аргентинецот со еден мајсторски гол со Рабон го совлада Лено после половина час игра. До изедначување домаќините дојдоа преку Мартин Одегард во самиот финиш од првото полувреме.

Во вториот дел Арсенал добрата игра и иницијатива ја наплати во 64. минута кога судијата Мајкл Оливер покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Лаказет.

Работата за Тотенхем стана уште потешка кога стрелецот на голот Ламела во период од седум минути во 69. и 76. минута доби два жолти картони и предвреме го заврши натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…