Дома Фудбал Англија Лаказет: Трофеј во Лигата на Европа може да го спаси Венгер

Лаказет: Трофеј во Лигата на Европа може да го спаси Венгер

После разочарувачката сезона во Премиер лигата многумина веруваат дека Арсенал на крајот од сезоната ќе се раздели со искусниот Арсен Венгер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Топчиите“ во овој момент се наоѓаат на шестата позиција во англиското првенство што е под сите очекувања, но Венгер е насочен кон Лигата на Европа и тоа е единствената шанса за Арсенал да се избори за место во Лигата на шампионите наредната сезона, а со тоа и да ја спаси сезоната.

Дека освојувањето на Лигата на Европа може да го спаси Венгер, смета и напаѓачот Александар Лаказет.

„Со освојувањето на Лигата на Европа, Венгер би си ја задржал работата. На тој начин би ја спасиле сезона, не сме баш добри во Премиер лигата, но преку Лигата на Европа можеме да ја оствариме нашата цел“, изјави Лаказет за медиумите на Островот.

Да потсетиме, Арсенал во полуфиналето од Лигата на Европа ќе игра против шпански Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Падна договор: Познат тренер му кажал „да“ на Милан

Португалскиот стратег Рубен Аморим е сè поблиску до преземање на тренерската функција во М…