Најдобриот македонски ракометар и актуелен селектор и капитен вечерва во „Александар Палас“ ја промовираше својата автобиографија „Секогаш на победа“.
Книгата се однесува на неговиот животен пат – од Свети Николе до Нант. Преку Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико, Барселона и Нант каде што настапува денес Лазаров се изгради како еден од најдобрите бекови во светот со повеќе од 1.000 голови во Лигата на шампионите. Во кариерата Лазаров има и европска круна, рекорд по број на голови на Мундијалот, петто место на ЕП со Македонија…
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Сите Македонци знаат многу работи за мене, но во книгата ќе може да прочитате многу работи кои не сте ги знаеле. Имам трема затоа што сум прв македонски спортист кој се реши да напише една автобиографија“, порача вечерва Лазаров.