Репрезентацијата на Македонија утре ја очекува реванш натпреварот против Чешка во Скопје, во овој втор дуел влегуваме после ремито во Злин (24:24).
Пред овој реванш натпревар Лазаров истакна дека според него Чешка немала добра проценка за нашиот квалитет во првиот натпревар, а ние тоа на најдобар можен начин сме го искористиле. Но, тој е свесен дека такво потценување нема да има во Скопје и затоа мораме да бидеме на највисоко ниво.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Задоволни сме како одигравме, резултатски можевме да поминеме и подобро. После двете (не)преспиени ноќи можам да кажам дека Чешка не потцени, не сакам да ги спорам нашите играчи, туку да ги пофалам затоа што одигравме еден екстра квалитетен натпревар. Во вториот натпревар очекувам поквалитетна и поцврста Чешка. Не ме плаши, но мормае да сме внимателни. Верувам дека имаме доволен број искусни играчи со вакви натпревар зад себе, сакаме да ја искористиме и предноста на публиката, 7.000 гледачи ќе бидат наш ветар во грб. Треба тоа што ќе се договориме да го спроведеме на терено, а публиката да ни биде дополнителен мотив. Имаме добри шанси за добар резултат, се одморивме и сега сме подготвени за уште еден квалитетен натпревар“.
Пред натпреварот Лазаров го немаше материјалот од првите натпревари на Сабате на клупата на Чешка, сега имаме една подобра слика. Сепак, шпанскиот селектор не не изненадил и во првиот натпревар.
„Немавме материјал за првиот натпревар, меѓутоа кога човек е во тесно ќе се снајде некако. Сабате го анализирав на друг начин и според мене Чешка не не изненади со ништо, одигра како што очекувавме. Сабате секако е квалитетен стратег го покажа тоа во клубовите каде што работеше и сигурно дека ќе се обиде да подготви изненадување за овој реванш. Како и колку ќе успее во тоа со играчи кои не ги познава доволно во период од два-три дена ќе видиме на теренот. Се надевам дека ако има нешто ново од негова страна ќе го забележиме во почетните минути“, изјави Лазаров.
Натпреварот помеѓу Македонија и Чешка се игра утре во терминот од 19:00 часот.