Дома Македонски спорт Лазаров: Победата на Е.Пелистер 2 против Вардар е добра за македонскиот ракомет

Лазаров: Победата на Е.Пелистер 2 против Вардар е добра за македонскиот ракомет

Ракометната репрезентација на Македонија денес почна да се собира пред ЕХФ неделата во која ќе се сретнеме со Египет како дел од подготовките за Европското првенство во 2022 година.

Поради обврските кон клубовите репрезентацијата се очекува да биде комплетна утре. Натпреварите со Египет се закажани за 4. и 6. Ноември. Селекторот и капитенот Лазаров порача дека е задоволен од она што репрезентацијата го прикажала во квалификациите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ги анализиравме натпреварите во квалификациите и имаме идеја како да работиме за да имаме напредок. Задоволен сум од тие средби, меѓутоа простор за напредок секако дека има. Египет е репрезентација која играше полуфинале на ОИ и нормално дека се квалитетна репрезентација. Нема да се оптоваруваме со резултатот, но не сакам да кажам дека не е важен, се ми е важно“.

Лазаров ја поздрави и победата на Еурофарм Пелистер 2 против Вардар вчера.

„Таа победа ме радува, проекти како Е.Пелистер 2 и Алкалоид се добри за македонскиот ракомет. Без натпревари не може да се напредува, а работата со млади ракометари знае да биде потешка. Не зборувам така само затоа што јас сум дел од ракометната федерација, но сигурно дека нивната работа треба да се пофали затоа што со квалитетни Вардар и Е.Пелистер имаме едно подобро првенство.  Можеме да кажеме дека Вардар не бил мотивиран, меѓутоа дека треба да им се честита на младиците момци, треба“, истакна Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пресврт: Тухел останува во Баерн и става потпис на нов договор

Раоводството на Баерн Минхен пред два месеци донесе одлука да се раздели со Томас Тухел на…