Денес Кирил Лазаров преку обраќање на социјалните мрежи објави крај на играчката кариера. Веднаш по објавеното обраќање, Лазаров одржа и прес-конференција.
На прес-конференцијата заедно со претседателот на Нант, Лазаров потврди дека продолжува како селектор на Македонија, а во иднина би можел да работи и во друг клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Играв во големи клубови како Барса и Сиудад Реал, но одлуката да дојдам во Нант се покажа како одлична, не погрешив. Ова е клуб кој расте секоја година и можам да кажам дека во тој момент ја донесов најдобрата одлука. Ако ви треба џокер наредната сезона можам да помогнам. Се шегувам…Останувам селектор, во иднина можеби ќе работам и во некој клуб“, изјави Лазаров.
Со Нант Лазаров го чекаат уште два натпревари, прво со Тулз во првенството и финалето во Купот на Франција со ПСЖ.