Дома Македонски спорт Лазаров: Немавме среќа во ждрепката

Лазаров: Немавме среќа во ждрепката

Македонската ракометна репрезентација денеска ги доби противниците за СП 2019. Нашата селекција за противници во групата ги доби Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија, а капитенот Лазаров истакна дека немавме многу среќа при денешната ждрепка.

„Според мене немавме многу среќа во ждрепката. Добивме квалитетни и незгодни репрезентации од Европа, со кои ќе водиме битка за следната рунда. Доколку не го прошириме нашиот ростер со квалитетни играчи кои ќе поделат квалитетна минутажа и одговорност, не можам да бидам голем оптимист. Уште повеќе ме загрижуваат слабите игри на „медитеранците“ и поразите од Турција и од Египет, а во таа селекција имаме седум репрезентативци од А тимот. Како и да е, ние ќе сториме се за да се подготвиме квалитетно и да го дадеме максимумот и на овој светски шампионат.“ – изјави Кире по ждребот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…