Eвропското првенство во јануари ќе биде првиот голем предизвик за Кирил Лазаров како селектор на нашата најдобра селекција.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ракометниот тим го продолжува континуитетот со новиот настап на уште едно големо натпореварување.
„Најпозитивното нешто е што репрезентацијата од 2012 година има континуитетот и тоа ние е основната цел до сега, ќе ни биде и понатаму. Започнат е процесот на подмладување, неминовно е една генерација да замине и да дојде нова. Сепак, секогаш се добредојдени искусни играчи како Миркуловски, Стоилов, Митревски…да не ги набројувам сите. Не се откажуваме од ниту еден играч и затоа ќе биде благодарни, посебно на Филип Миркуловски кој прифати да ни биде на располагање“.




„Ќе играме во тешка група затоа знаеме што не очекува и стоиме цврсто на земја. Данска е олимписки, светски, европски шампион…Не треба да трошам и зборови за индивидуалниот квалитет на Словенија. Данците сигурно ќе не сфатат посериозно после победата во Скопје, тешко ќе биде да повториме таков успех. И Црна Гора е репрезентација за почит, играат со срце и желба за државата, мораме да бидеме претпазливи“, изјави Лазаров.
На ЕП Македонија ќе игра во групата А заедно со Данска, Словенија и Црна Гора натпреварите ќе ги играме на 13. јануари (Словенија), 15. јануари (Црна Гора) и 17. јануари (Данска).