Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Да поченеме од почеток и да не загубиме нешто што е свето, капа до под за сите Македонци!

Лазаров: Да поченеме од почеток и да не загубиме нешто што е свето, капа до под за сите Македонци!

После тешкиот пораз од Австрија денес своја изјава имаше и капитенот Кире Лазаров.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Тешко е да се каже, треба да се седне и со ладна глава да се анализира. Јас стојам на тоа дека со овој тим на Австрија можеме да се надигруваме. Денес одигравме под нивото, многу промашувавме и го разбранивме нивниот голман. Разочарани сме, очекувавме повеќе посебно кога видовме каква група добивме“

„Сакам да изразам балгодарност за сите што издвоија време и средства да дојдат тука. Можеби имаше повеќе Македонци од она во 2012 година. Капа до под на сите Македонци, заслужуваме секаква критика. Ова е удар за нас и за македонскиот ракомет. Сега треба да се започне од почеток, не смееме да загубиме нешто што е свето. Ниту една репрезентација на еден турнри на кој не е домаќин нема по 5000-6000 навивачи. Мораме да направиме напор да го кренеме македонскиот ракомет на високо ниво“, изјави Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…