Дома Фудбал Италија Кјелини изврши „самоубиство“: Никогаш нема да ги имам квалитетите на својот противник…

Кјелини изврши „самоубиство“: Никогаш нема да ги имам квалитетите на својот противник…

Фудбалерите на Јувентус се подготвуваат за дуелот против Реал Мадрид, Џанлуиџи Буфон веќе даде интервју за Марка, а на тамошните новинари време им посвети и Џорџо Кјелини.

Првата работа беше врзана за минатосезонското финале во Кардиф, кое Реал го доби со 4:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, имаше тука и уште интересни прашања.

„Да го изгубите финалето е болно, но Реал е многу добар тим. Оваа година сме одлучни повеќе од било кога да направиме нешто посебно“, истакна Кјелини.

Кого гледаш како фаворит оваа година?
„Шпанците се секогаш фаворити, Сити и Баерн прават добра работа, но Мадрид и Барселона имаат нешто дополнително“, вели Кјелини.

Најголемата закана за Кјелини и неговите соиграчи секако ќе биде Кристијано Роналдо.

„Кристијано го промени начинот на игра во последните две години, неговата сила доаѓа од желбата да биде најдобар на сите времиња“.

Кјелини верува дека Серхио Рамос е најдобар дефанзивец во последните години.

„Никогаш нема да имам технички квалитет и брзина каква што има Серхио Рамос. Тој е најдобриот стопер на светот и знае како да игра големи натпревари. Во Шпанија е и Пике кој имаше среќа да се развива покрај Пујол“, заклучи Кјелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шесткратниот шампион уште една сезона ќе помине во Втората лига

Поранешниот европски и шесткратен германски шампион, Хамбургер ги загуби шансите за пласма…