Претседателот на кошаркарската федерација Перо Антиќ го казни МЗТ и директорот на овој клуб Тони Грнчаров поради коментари на социјалните мрежи.
МЗТ како клуб е казнет со 300.000 денари, додека Грнчаров добил двегодишна суспензија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Кошаркарската федерација на С. Македонија (КФСМ) денеска, дури еден месец подоцна, го информира нашиот клуб дека Дисциплинската комисија (ДК) на 8 октомври донела одлука да го казни МЗТ Скопје Аеродром со 300.000 денари, а директорот Тони Грнчаров со двегодишна суспензија и тоа за објави на социјалните мрежи, што е нешто што досега не е видено не само во макбаскетот туку и во спортот кај нас во целост.
Ваквата одлука, на која би им завиделе дури и во земја како Северна Кореја, каде што демократијата, човековите права и слободата на говор се еднакви на нула, е донесена по пријава на Перо Антиќ, првиот човек на македонската кошарка, кој по некоја „случајност“ е прв меѓу еднаквите во Управниот одбор, кој самиот го предлага, а кој потоа ги избира членовите на ДК. Подобра потврда на народната „Кадија те тужи, кадија те суди“ не може да се најде ниту во најдобрите епизоди од „Македонските народни приказни“, oбјавено е во соопштението од МЗТ.