Филипе Кутињо ќе мора да оди на операција, пренесуваат каталонските медиуми.
Кутињо веќе подолго време се мачи со повредата, па на совет на докторите се одлучи да му биде направен оперативен зафат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бразилецот е надвор од терените од декември и требаше да се врати на терените овој месец, но повредата се искомплицира.
Операцијата ќе значи дека за Кутињо сезоната е завршена, а со тоа Барселона ќе заштеди 20 милиони евра.
Каталонците ќе мораат да му ги платат на Ливерпул 20 милиони евра бонсуи, ако Кутињо запише 100 настапи за Барселона.
Во моментов Кутињо има 90 настапи во дресот на Барса, а повредата оваа сезона го спречи да дојде до 100-от настап.