Дома Фудбал Кутињо и Барселона пресреќни, стигнаа и првите изјави на Бразилецот и Бартомеу

Кутињо и Барселона пресреќни, стигнаа и првите изјави на Бразилецот и Бартомеу

coutinho

Настанот на денот секако е претставувањето на Фелипе Кутињо во редовите на Барселона.

Кутињо денес стави потпис на договорот со Барселона во кој како што е познато има клазула од 400 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мојот сон секогаш беше Барселона. Знам што се очекува од мене, верувам дека нема да разочарам и дека ќе ги исполнам сите очекувања“, изјави Кутињо при претставувањата.

Своето задоволство од овој трансфер го истакна и претседателот на Барселона, Хозе Бартомеу.

„Денес сите фанови на Барселона се возбудени, па така и ние. Навистина ни е драго што Кутињо е тука. Не беше лесно да го доведеме, но заедно со негова помош успеавме во нашата цел, трпението беше клучен дел од оваа зделка“, зборуваше Бартомеу.

 

Кога во прашање е дебито на Кутињо за гигантот од Каталонија, се очекува тоа да се случи за дваесетина дена поради повредата со која пристигна од Ливерпул

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…