Бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо нема намера да ја напушти Барселона во претстојниот зимски преоден рок.
Иако со месеци се најавува негово заминување од Барселона, изгледа дека од тоа нема да има ништо во јануари. Шпанските медиуми пренесуваат дека Кутињо донел одлука да остане во Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилецот сака да се наметне кај Чави и смета дека промената на клупата за него дојде во најдобро можно време. Кутињо има договор со Барселона до летото 2023 година, а во шпанската екипа пристигна на почетокот на 2018 година од Ливерпул. Во сезоната 2019/2020 беше позајмен во Баерн.