Голманот Тибо Куртоа има големи главоболки после веста дека Реал Мадрид ја разгледува можноста да го ангажира Антонио Конте или Жозе Мурињо.
Лопетеги е пред отказ, шпанските медиуми тврдат дека Антонио Конте е во пол позција за негов наследник, но не се исклучува можноста да биде вратен и Жозе Мурињо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа го загрижува Тибо Куртоа кој имаше можност да работи со двајцата тренери во Лондон и тврди дека поради нив решил да си замине.
„Не можам да поверувам“, наводно им рекол Куртоа на соиграчите во соблекувалната.
„Овде во соблекувалната на Реал јас сум единствен кој имаше шанса да рабори со Конте и Мурињо. Го напуштив Лондон за да не ми се повторуваат такви искуства и сега читам дека би можел да дојде еден од нив“, ги пренесуваат шпанските медиуми зборовите на Белгиецот.