Белгискиот голман Тибо Куртоа одлучи да го напушти Челзи ова лето.
Како што пишуваат француските медиуми, ПСЖ успешно ги заврши преговорите со белгискиот голман околу можниот трансфер и сега се чека одговорот на Челзи. Парискиот тим е во потрага по квалитетен голман кој би можел да донесе дополнителен квалитет, а на крајот изборот падна на 25-годишниот голман на Челзи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Куртоа со „Сините“ има договор до 2019. година. Сепак, преговорите за продолжување на соработката престанаа и наводно голманот одлучил да го напушти Лондон и кариерата да ја продолжи во Париз. Меѓутоа, управата на Челзи нема намера лесно да го пушти Куртоа, но сигурно дека ќе „омекне“ по милионите кои светкаат од Париз.
Одличниот голман е член на Челзи уште од 2011. година. Три години бранеше на позајмица во Атлетико Мадрид, за голман број 1 во Челзи да стане во 2014. година.
Paris Saint-Germain have opened talks with Chelsea goalkeeper Thibaut Courtois over a move to Ligue 1 this summer. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/0F6ju9ivuX
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 13, 2018