Дома Фудбал Куртоа го предизвика Бејл: Би сакал да го видам како дава интервју на шпански

Куртоа го предизвика Бејл: Би сакал да го видам како дава интервју на шпански

Првиот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа му даде интересен предизвик на својот соиграч и пријател Герет Бејл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познато е дека Велашенцот иако долги години е во Мадрид слабо го говори шпанскиот јазик, а Куртоа би сакал да го види баш во такво светло.

„Го одржувам мојот англиски со разговорите со Герет, иако тој збори навистина добро шпански, многу подобро од тоа што луѓето мислат. Тој може да одработи перфектно интервју на шпански. Зборувам многу со него, бидејќи и јас сакам да гледам голф“, изјави Куртоа.

„Јавноста секогаш го напаѓа поради истите работи. Голфот и шпанскиот јазик. Сакам да го видам како дава целосно интервју на шпански, едвај чекам да го видам во такво светло. Тој збори многу добро во соблекувалната и се разбира со сите соиграчи“, додаде Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…