Денес од 13:30 часот беа одиграни реванш натпреварите од Купот на Македонија.
Најголемото изненадување го приреди штипска Брегалница која после победата од 1:0 на свој терен денес одигра 0:0 против Македонија во Ѓорче и така ги елиминираше „лавовите“ од купот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради моменталната форма за изненадување може да се смета и тоа што Шкендија го елиминираше Вардар. Вардар во Скопје беше многу подобар тим, но одигра само 2:2, а денес во под Шара Шкендија победи со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Ибраими во 74-тата минута од натпреварот.
Работнички и покрај кризата со која игра во првенството беше убедлив и со 4:0 го победи Пелистер.
Струга Трим Лум го елиминираше Борец со минимална победа, Академија Пандев и во реваншот го победи Осогово, овој пат со 1:4. Силекс и Шкупи одиграа 1:1, а тој резултат беше поволен за тимот од Чаир, Лабуништа на гости со 2:3 триумфураше и го елиминираше Охрид.