Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп на Македонија: Дербито се игра под Шара

Куп на Македонија: Дербито се игра под Шара

Денес на програмата во македонскиот фудбал со почеток од 13:30 часот се играат реванш натпреварите од 1/8 финалето во Купот на Македонија.

Најголемо внимание секако привлекува натпреварот во Тетово помеѓу Шкендија и Вардар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот натпревар во Скопје заврши со резултат 2:2. Тогаш Вардар беше подобар противник и можеше да однесе и поубедлива победа, но Шкендија успеа да извлече во 2:2, па сега има шанси со победа на свој терен да оди во следната фаза.

Сезонава во првенството Шкендија е најголемото разочарување бидејќи веќе после 12 кола заостанува цели 12 бода зад Вардар, па поради тоа можеби и покрај тоа што натпреварот се игра под Шара благ фаворит се вардарци.

Интересно е што и Вардар и Шкендија во овој натпревар влегуваат после два натпревари во кои не примиле гол. Шкендија го победи Силекс со 3:0, па одигра 0:0 со Македонија Ѓ.П, додека Вардар со по 2:0 славеше против Борец и Работнички.

Останати натпревари:

Македонија Ѓ.П – Брегалница (0:1)

Охрид – Лабуништа (0:2)

Осогово – Академија Пандев (0:3)

Работнички – Пелистер (1:1)

Силекс – Шкупи (0:0)

Струга Трим Лум – Борец (0:0)

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…