Дома Фудбал Кунде по дебито: Дојдов да освојувам титули, Левандовски е еден од најдобрите во светот

Кунде по дебито: Дојдов да освојувам титули, Левандовски е еден од најдобрите во светот

Францускиот репрезентативец, Жил Кунде летово ја засили Барселона, но мораше да почека за дебито во новата средина затоа што клубот имаше проблеми да го регистрира.

Откако се беше завршено Кунде веднаш доби место во почетниот состав на Каталонците и тоа во вчерашниот натпревар против Ваљадолид кој Барселона го доби со 4:0. Дефанзивецот ги одигра комплетните 90 минути и се прикажа во одлично издание.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По натпреварот испрати јана порака за неговите цели.

„Дојдов тука да освојувам титули и да продолжам да напредувам. Среќен сум за победата. Добро е за тимот што започна да стекнува самодоверба“.

Имаше Кунде пофалби и за Левандовски.

„Левандовски е напаѓач кој има се и тоа го покажува со своите голови и играта на теренот. Дефинитивно е еден од најдобрите во светот“, изјави Кунде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…