Во редовите на Барселона ова лето се спремна веројатно најголемата рекоснтрукција на итрачкиот кадар.
Новиот тренер Роналд Куман ќе добие голем буџет и одврзани раце да направи реконструкција на тимот, а приоритет ќе биде доведување на напаѓач кој ќе биде наследник на Луис Суарез.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според најновите информации најголема желба на Куман е бразилскиот голгетер од редовите на Евертон, Ричарлисон.
Ричарлисон призна дека во јануари Барселона испратила понуда за неговиот потпис, но Евертон не сакал да го пушти.
Каталонците повторно ќе се обидат да го донесат ова лето, а проблем може да претставува високата цена од 120 милиони евра која ја поставија „карамелите“.
Каталонските медиуми тврдат дека Барселона во наредните денови ќе испрати понуда од 85 милиони евра и верува дека самиот фудбалер ќе изврши притисок над Евертон за да се пресели на „Камп Ноу“.