Тренерот на Барселона, Роналд Куман беше видно разочаран после поразот од Атлетико Мадрид.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона е во серија на лоши резултати, па се погласни се шпекулациите за негов отказ.




После мечот со Атлетико, Куман изјави дека му се јавил на претседателот да дознае дали останува на кормилото на тимот.




„Разговарав со претседателот и го замолив јасно да ми каже каков е мојот статус во клубот и можам да кажам дека сум задоволен. Тој разговараше со своите луѓе и донесе одлука, сигурен сум дека ќе бидеме подобри затоа што ни недостасуваат неколку важни играчи“.




„Сега следува пауза за репрезентацијата, а потоа играме три натпревари дома. Агуеро, Алба и Дембеле ќе се вратат и сигурно е дека ќе бидеме многу поопасни. Секогаш има притисок, но тоа е нормално во Барселона”, изјави Куман.