Tренерот на Барселона на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против Гетафе во 31. коло кратко проговори и за Суперлигата.
Барселона беше еден од 12. клубови, а во овој момент само тие и Реал Мадрид не излегле со официјално соопштение откако проектот пропадна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Новинарите сигурно имаа повеќе прашања, но Куман не сакаше премногу да зборува на таа тема, па само го спомена твитот на Пике.
„Пике со својот твит кажа се што треба да се лаже“, изјави Куман и додаде дека тој и неговите играчи се фокусирани само на натпреварите до крајот на сезоната.
Ќе потсетиме, Пике доцна вчера вечер после повлекувањето на англиските клубови твитна: Фудбалот им припаѓа на навивачите, денес повеќе од било кога.
Football belongs to the fans. Today more than ever.
— Gerard Piqué (@3gerardpique) April 20, 2021