Дома Фудбал Куман откри каков играч сака до крајот на трансфер пазарот

Куман откри каков играч сака до крајот на трансфер пазарот

Тренерот на Барселона, Роналд Куман потврди дека сака до затворањето на трансфер пазарот да биде донесен уште еден централен напаѓач.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Куман го потврди доаѓањето на Сржињо Дест, но истакна дека сака да има по двајвца играчи на секоја позиција, па поради тоа има потреба од еден централен напаѓач.

Барселона преговара со Лион за трансфер на Мемфис Депај, кој е најголема желба на Куман, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.

„Би сакал да имам по двајца играчи на секоја позиција.Лео и Гризман можат да играат како централни напаѓачи, но не се таков тип на напаѓачи. Бараме уште еден класичен напаѓач“, потврди Куман.

Трансфер пазарот се затвора на 5 октомври, па Барселона има уште неколку дена да го исполни барањето на Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најдобрите во светот нема да игра на вториот натпревар Баерн – ПСЖ?!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ПСЖ и Баерн им понудија …