Ла Лига започнува во сабота, но Барселона ќе има дополнителни четири недели за доведување засилувања.
Новиот тренер на Каталонците, Роналд Куман според „Марка“ ќе инсистира на доведување четворица играчи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Прва мета за која веќе се преговара е Мемфис Депај, потоа Ванијалдум од Ливерпул кој е тешка мета, стоперот Стефан Де Вриј од Интер и уште еден играч со кој веќе се во преговори, Ерик Гарсија од Сити.
Депај и Ванијалдум веќе некое време се поврзуваат со Барселона и влегуваат во последните години од договорот. Депај реално може да заврши во Барселона, додека од друга страна Ванијалдум може и да остане во Ливерпул и да го продолжи договорот, такви најави се појавија утрово од Островот. Исто така тешко е да се очекува и дека Интер ќе го пушти Де Вриј. Кога е младиот Гарсија во прашање тој е реална мета.
До сега Барселона го доби само Пјаниќ кој пристигна во замена за Артур, додека замина Иван Ракитиќ. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите во наредните недели.