Дома Топ вести Куман доби „ЛУДА“ идеја, Евертон ги решава проблемите во Париз?!

Куман доби „ЛУДА“ идеја, Евертон ги решава проблемите во Париз?!

Како што пренесува реномираниот „Гардијан“, стратегот на Евертон одлучил да го „одврзе ќесето“…

„Карамелите“ ова лето направија сериозен тим кој со текот на времето би можел да се вклучи во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите, она што недостасува на тимот на Евертон во овој момент е класичен напаѓач од рангот на Ромелу Лукаку кој ова лето премина во Манчестер Јунајтед.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во овој момент напаѓачи во Евертон се Сандро Рамирез, Хенри Онејкур и Вејн Руни, но ниту еден од нив не може да го надополни отсуството на Белгиецот кој во минатата сезона беше вистински лидер на тимот.

Сега Куман има идеја, но прашање е колку таа е реална. Според пишувањата на „Гардијан“ тој во своите редови има намера да доведе еден од најдобрите напаѓачи во светот во овој момент, Едисон Кавани.

Секако, причината за ваквата идеја на Куман се последните случувања во Париз. Како што сега изгледа ситуацијата, Кавани нема намера да му ги препушти пеналите на Нејмар, па веројатно единствено решение е продажба на Уругваецот.

„Карамелите“ со довевудање на Кавани сигурно дека би станале сериозна екипа, но сепак прашање е колку Кавани ќе има желба да се пресели во тим каков што е Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…