Тренерот на Барселона, Роланд Куман како главен виновник за поразот во Ел Класико го посочи ВАР системот.
Барселона беше поразена со 1:3, а клучниот момент се случи во 63-та минута кога судијата со помош на ВАР системот досуди пенал над Серхио Рамос.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„По мечот го прашав судијата која е поентата на ВАР ако се користи само против Барселона. Јас не сум против, сакам технологијата да им помогне на судиите, но тоа треба да биде од корист за сите тимови, а не само против одредени. Не разбирам некои одлуки како и на средбите со Гетафе и Севиља. Одигравме пет натпревари и ВАР ниту еднаш не донесе одлука во наша корист“, изјави Куман.
„Не разговарав со Ленгле, но за мене тоа најпрво беше прекршок од Рамос, а потоа Ленгле го повлече. Не беше пенал, тоа е мојот став“, заклучи Холанѓанецот.