Дома Трансфер зона Кулибали се договорил со ПСЖ?

Кулибали се договорил со ПСЖ?

Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, а последните информации се дека е постигнат договор со Сенегалецот.

ПСЖ на лето ќе остане без капитенот Тиаго Силва и веќе бара замена, па спортскиот директор Леонардно нема да жали пари за да го донесе Кулибали во Париз.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сенегалецот е мета на многу европски гиганти, но Наполи во летниот преоден рок за неговиот потпис бараше 100 милиони евра.

Сега работите се променија бидејќи Кулибали не е задоволен во Наполи, а тоа се одрази и на неговите настапи, па ПСЖ сака да ја искористи таа ситуација.

Наводно Кулибали веќе постигнал договор со „светците“ и во Париз ќе заработува 10 милиони евра по сезона, па сега останува уште двата клуба да ја договорат отштетата.

ПСЖ за неговиот потпис нуди 75 милиони евра, сума која Наполи е спремен да ја прифати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер го сака дефанзивецот на Манчестер Јунајтед

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…