Дома Топ вести Крос става потпис на договор тежок 120 милиони евра!

Крос става потпис на договор тежок 120 милиони евра!

„Марка“ пред неколку дена најави, а „Билд“ денес потврди – Тони Крос ќе потпише нов шестгодишен договор со Реал Мадрид и ќе стане еден од најплатените фудбалери на светот!

Реал Мадрид за новиот договор на Германецот ќе треба да издвои 120 милиони евра, односно 20 милиони евра годишно, со вклучен данок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со тоа Крос ќе стане најплатениот германски фудбалер на сите времиња и ќе заработува повеќе од Томас Милер, Бастиан Швајнштајгер и Илкај Гундоган.

Актуелниот договор на Крос со Реал истекува дури во 2020 година, но бидејќи многу клубови се интересираат за 26-годишниот плејмејкер, „кралевите“ се приморани да му понудат нов договор.

Крос пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ во 2014 година и веднаш стана неизоставен дел од тимот, па секако е една од најдобрите трансфер зделки на Реал Мадрид во последно време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бобан Илиоски ќе се бори за светска титула и тоа – во Скопје!

Бобан Илиоски, најдобриот македонски кикбоксер ќе се бори за светската шампионска титула н…