Дома Фудбал „Кристијано Роналдо ја украде мојата прослава на гол“

„Кристијано Роналдо ја украде мојата прослава на гол“

Поранешниот австралиски фудбалер Марк Брешано во изјава за италијанските медиуми го обвини Кристијано Роналдо дека ја украл неговата прослава на гол.

Роналдо е познат по својата прослава на гол која стана хит ширум светот, но поранешниот играч на Парма и Лацио го обвини играчот на Јувентус дека му ја украл прославата. Брешано тврди дека тој прв почнал на тој начин да ги прославува погодоците, но очигледно дека сите заборавиле.

„Има иста прослава на гол како мојата, тој ја украде од мене. Би ми било чест ако јас сум инспирација за тоа, но се сомневам.“ – изјави Брешано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов со лоб го отвори Раков и стигна до четвртиот лигашки гол

Дарко Чурлинов погоди уште во петтата минута на гостувањето кај Раков. Македонскиот напаѓа…