Португалецот поради придонес во фудбалот ја доби наградата „Златно стапало“.
Во прашање е престижна награда, каде добитниците оставаат отисок од своето стапало кое потоа се поставува на шеталиштето на шампионите во Монте Карло.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Роналдо така доби уште едо признание, а таа награда претходно никогаш не ја добил неговиот ривал Лео Меси.
„Голема чест, среќен сум што оттисокот од моето стапало ќе биде заедно со големите шампиони. Благодарам на сите кои гласаа за мене.“ – порача Роналдо.
Оваа награда се доделува само еднаш во кариерата и за фудбалери постари од 28 години. Истата веќе ја добиле Недвед, Шевченко, Роналдо, Дел Пиеро, Карлос, Роналдињо, Тоти, Гигс, Ибрахимовиќ, Дрогба, Иниеста, Ето, Буфон, Касиљас, Кавани и Модриќ.