Најдобриот светски играч Кристијано Роналдо постигна гол и го однесе Ал Наср во финалето на Купот на шампионите, но начинот на кој славеше беше скандалозен од арапска перспектива.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во полуфиналето Ал Наср успеа да го победи Ал Шора минимално со 1:0 и да се пласира во големото финале.
Херој беше Кристијано Роналдо, кој постигна гол од пенал во 75. минута и со тоа го однесе својот тим понатаму.
Во големото финале Ал Наср ќе игра против големиот ривал Ал Хилал кој со 3:1 го победи Ал Шабаб.
Големото финале се игра во сабота од 20 часот и Роналдо секако ќе биде во центарот на вниманието.
Покрај него за Ал-Наср играат Марсело Брозовиќ, Садио Мане и Секо Фофана. Сега им претстои судир против тимот на кој играат големи европски ѕвезди како Малком, Рубен Невес, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Калиду Кулибали.
Сите беа донесени за над 160 милиони евра летово во клубот кој се обиде да ги доведе Лионел Меси и Килијан Мбапе.
Инаку, Роналдо сега предизвика многу реакции поради начинот на кој го прослави голот. Не зборуваме за познатото „Сиуууу“ туку за гестот што му претходеше и кој е забранет во Саудиска Арабија, а тоа е знакот на крстот.
Имено, јавното изразување на христијанската вера е забрането во арапската држава, а во овој случај Португалецот ризикуваше дури и да биде уапсен бидејќи може да биде обвинет дека практикува сопствена религија.
Сепак, со оглед на статусот на Кристијано Роналдо во светот, веројатно нема да следат санкции.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) August 9, 2023