Дома Фудбал Репрезентации Крај на сезоната за Бранислав Ивановиќ, Србите се надеваат дека не е ништо сериозно

Крај на сезоната за Бранислав Ивановиќ, Србите се надеваат дека не е ништо сериозно

Српскиот репрезентативец и член на Зенит, Бранислав Ивановиќ ја заврши сезоната поради повреда на задната ложа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ивановиќ беше заменет уште во 18 минута во руското дерби помеѓу Зенит и ЦСКА кое се одигра во вчерашниот ден.

Тренерот на Зенит, Роберто Манчини потврди дека искусниот дефанзивец нема да биде во комбинација за настап во последните две кола од руската Премиер лига.

„Загубата на Ивановиќ е голем проблем за нас. Мислам дека нема да настапи до крајот на сезоната бидејќи ни останаа само уште два натпревари“, изјави Манчини.

Засега нема детали за тежината на повредата, а од таборот на Србија се надеваат дека тој ќе биде спремен за настап на Мундијалот во Русија.

Треба да се истакне дека селекторот Младен Крстајиќ веќе има проблеми со дефанзивците поради повредата на Матија Настастиќ на кого му е загрозен настапот на Мундијалот, а иста е ситуацијата и дефанзивецот на Урош Спајиќ од Андерлехт и Стефан Митровиќ од Гент.

Ивановиќ оваа сезона за Зенит одигра 38 натпревари, посригна пет голови и запиша три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Саудијците го провоцираа Роналдо: Погледнете ја неговата реакција (Видео)

Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието, и тоа не само поради фудба…