Дома Трансфер зона Крај на сагата: Бејл го избрал новиот клуб!

Крај на сагата: Бејл го избрал новиот клуб!

Герет Бејл веќе претходно го потврди своето заминување од Реал Мадрид со кој и се збогуваше, се чекаше да се види каде ќе ја продолжи кариерата. Сега таа одлуката изгледа е донесена.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Експертот за трансферот Фабрицио Романо кој ретко грешки кога ќе го објави неговото познато „here we go“ тврди дека Бејл донел одлука како слободен играч кариерата да ја продолжи во МЛС лигата во САД.

Нов клуб на Велшанецот ќе биде Лос Анџелес ФК кој неодамна го официјализираше трансферот на долгогодишниот стопер на Јувентус, Џорџо Киелини кој со овој клуб потпиша договор до 2023 година.

Засега детали од договорот не се објавуваат, меѓутоа како што споменавме договорот е постигнат. Бејл во претходниот период се поврзуваше со трансфер во Велс во тимот на Кардиф, но очигледо тоа нема да се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…