По елиминацијата од купот и Лигата на Шампионите, Наполи остана да се надева на -11 во однос на Јувентус дека не е недостижно, иако не е реално, но останува Лигата на Европа.
Во секој случај, денеска, последниот ден од трансфер период нема да направи ништо значајно, можно е Јунес да си оди во Селта на позајмица, а Наполитанците работаат на доведување Кујина кој на лето би можел да го засили клубот, како и Бенасер од Наполи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Инаку, на лето следува вистинска револуција.
Првата цел е Чаки Лозано, но Мексиканецот ќе биде само почеток. Дури седум или осум играчи сигурно ќе го напуштат Наполи. Тоа се голманот Мерет, Фабијан Руиз, Зиелински, Инсиње, Кулибали, Милик, а со Мертенс и Каљехон ќе биде разговарано за редефинирање на договорот или евентуална продажба.
Можно е да си оди и Албион, а директорот веќе ја најави и продажбата на Алан кој оваа зима е блиску до заминување во ПСЖ. Ќе има и неколку големи купувања, Наполи има пари, прашањето е само кои играчи може да ги привлече Анчелоти.
И да, на крајот, Хамшик сепак ќе остане до лето, но сигурно е дека во јуни ќе го напушти клубот и ќе се пресели во Кина.