Дома Трансфер зона „Кралевите“ тргнуваат по фудбалер на Сао Паоло!

„Кралевите“ тргнуваат по фудбалер на Сао Паоло!

Шпанскиот гигант, Реал Мадрид, ова лето се сврте кон доведување на талентитани млади фудбалери, сега тие покажуваат интерес за фудбалерот кој настапува за екипата на Сао Паоло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за 19 годишниот Лукас Фернандез. Реал ова лето веќе доведе неколкумина млади фудбалери кои веднаш би можеле да бидат кандидати за првиот тим, а Фернандез е токму таков тип на играч.

Скаутите на кралскиот клуб веќе некое време ги следнат настапите на Фернандез и наскоро тој би можел да се пресели во Мадрид.

Скаутот кој го забележа талентот на Ферндез е истиот оној кој во клубот го доведе Касемеиро, па со право можеме да очекуваме Фернандез да биде полн погодок на „кралевите“.

Официјалната потврда се очекува да пристигне наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…