Дома Трансфер зона „Кралевите“ не се задоволни од Кејлор Навас, испратена понудата до Рим?

„Кралевите“ не се задоволни од Кејлор Навас, испратена понудата до Рим?

beker

Како што пишуваат шпанските медиуми, понудена е сумата за која се шпекулираше.

Изгледа дека Кејлор Навас нема да го „преживее“ летото во Реал, барем така изгледа по потезите на „кралевите“.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во овој момент кога се голманите во прашање најблиску до Реал Мадрид е Алисон Бекер од Рома.

Спека, тоа нема да биде лесна задача. Реал Мадрид доколку го сака Алисон би морал да го изедначи рекордот (за голманите) доколку навистина сака да го доведе.

Имено, се пишуваше дека Рома побарала од Реал да плати 60 милиони евра и Реал изгледа има намера да ја плати сумата за да се обезбеди на голманската позиција подолги години.

Римјаните од друга страна за разлика од минатите години не мора да продаваат, но понудата е одлична. Бразилецот кој е прв голман на репрезентацијата го доведоа за само осум милиони и сигурно дека можат добро да ја наплатат неговата голема сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ пронајде фаворит за нов голман, спрмена е и понудата

Во тимот на ПСЖ наредната сезона ќе има многу промени, веќе се најавени заминувања на дел …