Дома Фудбал Англија Крадци влегле во домот на Марез, направиле штета од половина милион фунти

Крадци влегле во домот на Марез, направиле штета од половина милион фунти

Во текот на вчерашниот ден бил ограбен домот на фудбалерот на Манчестер Сити, Ријад Марез, пренесува „Сан“.

Играчот бил отсутен кога разбојниците влегле во неговиот стан во центарот на Манчестер. Вкупно, штетата достигнува околу 555 илјади фунти. Според последните информации од Англија, крадците ги пронашле трите омилени рачни часовници на Марез и ги украле.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од фудбалерот е украден часовник од брендот „Ричард Мил“ вреден над 255.000 фунти и два часовника „Ролекс“ со вкупна вредност од околу 85.000 фунти.

Исто така Марез пријавил дека му биле украдени 50 000 фунти во кеш и ретка маичка вредна околу 150 000 фунти. Грабежот се случил на 24 април околу 6 часот наутро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пикси се огласи за групата на Србија: Еве што вели за дуелите со Албанија!

Селекторот Драган Стојковиќ се согласува со фактот дека ждрепката во Цирих ја стави Србија…