Ливерпул пред два дена се искачи на врвот на светот, а последен англиски клуб кој бил светски шампион беше Манчестер Јунајтед во 2008 година.
Со тоа продолжи битката на двата најголеми англиски клубови, а сега Ливерпул и официјално е потрофеен од Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ливерпул има вкупно 47 трофеи, од кои 18 во Премиер лигата, шест пати биле шампиони на Европа, имаат 7 ФА Купови, три Купови на УЕФА, 4 европски Суперкупа…
Тоа во моментов го прави Ливерпул најтрофеен англиски клуб,а навивачите се во еуфорија бидејќи „црвените“ се на добар пат да ја освојат и титулата во Премер лигата.
Освојувањето
на трофеи ја врати финансиската стабилност на клубот кој само во изминатите
шест месеци заработи 150 милиони евра, а неодамна го потпиша најскапиот договор
во англискиот фудбал со компанијата „Најк“.