Иван Савидис, сопственик и претседател на ПАОК денес е на насловните страни на сите европски медиуми, откако за време на натпреварот против АЕК со пиштол влезе на терен за да се објаснува со главниот судија.
Навивачите на ПАОК чекаат на титула повеќе од три децении, а клубот е во раценете на Савидис од 2012 година. Вчера во дербито од врвот ПАОК постигна гол во судиското продолжение, но судијата го поништи поради офсајд, па почна вистинско лудоло.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кој чичкото со пиштолот за кого зборува цела Европа?
Иван Игњатевиќ Савидис е роден во 1959 година во тогашната советска република Грузија. Според „Форбс“ е тежок 750 милиони долари и е 30-от најбогат Русин. Иако, како што може да се види според презимето, Савидис е Грк, и тоа потски или кавкаски Грк. Така ги нарекувале Грците, кои пред турските освојувачи бегале во Јужна Русија, Украина и Грузија.
Савидис со 14 години побегнал од дома и заминал во Ростов во Јужна Русија. Таму преживувал, работејќи со тутун, работа која му останала од младоста од крајот каде сите садат тутун. Преку ден Савидис правел цигари во фабрика, а навечер учел за испитите на факултет. Неколку децении подоцна, тој е доктор на економски науки, а што е најважно, најголем руски преработувач на тутун.
Неговата фабрика „Донској Табак“ годишно произведува 30 милијарди цигари, а секоја десетта цигара која Русите ќе ја испушат е од фабриките на Савидис.
Но, тоа што е најважно, до ваква позиција на која се наоѓа сопственикот на ПАОК не се изборил сам со својата способност и памет, туку поради пријателството со вистинскиот човек – Владимир Путин. Рускиот претседател и еден од најмоќните луѓе на светот е близок пријател со Савидис, а Гркот бил член на рускиот Парламент во периодот од 2003 до 2011 година, како пратеник од владејачката Единствена Русија.
Путин особено е горд на Црвената Армија, на својата војска, способностите на истата и на военото наоружување. Тоа го знае Савидис, па за да му се умилкува на Путин, од неговата фабрика секоја година на војниците кои ѝ служат на Русија им подарува по милијарда цигари.
Но, сето ова не е само умилкување, туку и на војниците да им ги олесн деновите бидејќи и самиот порано бил во Армијата и стигнал до чинот мајор.
Савидис од 2012 година е на чело на ПАОК откако го презеде клубот со сите свои долгови. Притоа, има неколку фабрики и хотели во Грција, а од неодамна почна да вложува и во медиуми.