Дома Фудбал Останато Копа Америка: Дали Бразилците спремаат „одмазда“ за Перу?

Копа Америка: Дали Бразилците спремаат „одмазда“ за Перу?

Денес на програмата се првите натпревари од последното коло на групанта фаза од Копа Америка, а ние во овој текст ќе ви кажеме збор-два за дуелот помеѓу Перу и Бразил.

Перу: Може ли Перу до првото место во групата?

Перуанците не не разочараа ниту на Мундијалот во Русија иако не успеаа да ја поминат групата, но со добри партии фудбал продолжуваат и на Копа Америка. Мора да признаеме дека жребот не им беше наклонет, но сепак добро се снајдоа. Сигурно е дека очекувавме доста подобар натпревар од Перу во првото коло кога ремизираа со Венецуела, бидејќи беа многу подобар ривал, но едноставно топката не сакаше да влезе во голот. Како главен проблем за оваа репрезентација беше реализацијата, но во последно време и тука се подобрија, па сега имаат и некои шанси против Бразил.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бразил: Сигурно е дека очекувавме повеќе!

Бразил не блескаше на Мундијалот во Русија, бидејќи таму беа елиминирани во ¼ финалето од Белгија. Пред тоа оваа репрезентација изигра доста лошо првенство во Јужна Америка каде што беа елиминирани уште во групанта фаза и тоа после поразот од Перу. Што се однесува до моменталнта ситуација, во првото коло одлично се снајдоа против Боливија, но веќе во второто коло ремизираа против Венецуела и буквално не изненадија. Можеби до некаде тоа е оправдано, бидејќи Бразилците имаа два поништени гола, а искрено беа и подобри на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Казнет навивачот кој го бакна Роналдо

Репрезентацијата на Португалија го загуби пријателскиот натпревар против Словенија, а на о…