Дома Фудбал Англија Кончено и Клоп има причина за радост

Кончено и Клоп има причина за радост

Напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота ќе започне со целосни тренинзи со тимот оваа недела, пренесуваат медиумите на Островот.

Португалецот е надвор од терените на 9 декември, кога се повреди на мечот против Митиланд во Лигата на шампиони.

Неговото отсуство беше голем удар за Клоп, бидејќи Жота одлично ја започна својата авантура на „Енфилд“, откако пристигна во септември.

Англиските медиуми пренесуваат дека Жота ќе започне со тренинзи во среда, но најверојатно нема да биде дел од тимот за мечот со Шефилд Јунајтед.

Се очекува да се врати на терените за дербито со Челзи кое на програмата е на 4-ти март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Четири клубови подготвуваат тужба за 800 милиони против Ман Сити

Манчестер Сити може да се соочи со нов сериозен проблем, бидејќи четири клуба од Премиер л…