Дома Трансфер зона Конте ја купува бившата ѕвезда на Јувентус

Конте ја купува бившата ѕвезда на Јувентус

Интер е во потрага по нов напаѓач за наредната сезона, без разлика дали Лаутаро Мартинез ќе остане на „Џузепе Меаца“ или ќе замине.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека ново име во списокот на Конте е бившата ѕвезда на Јувентус и италијански репрезентативец, Моис Кин.

Кин моментално настапува за Евертон, „карамелите“ за него платија 30 милиони фунти, но младиот Италијанец не се снајде во Премиер лигата.

Кин не ги оправда очекувањата и Евертон е спремен да го продаде, а Интер веќе стапил во контакт со неговиот агент Мино Раиола.

Кин има само 20 години и Конте верува дека може да „експлодира“ во неговиот тим, а трансферот би требало да изнесува 25 милиони евра, сума која „нероаѕурите“ се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…