Дома Фудбал Италија Конте: „Сунинг“ имаше други планови, но тие пропаднаа

Конте: „Сунинг“ имаше други планови, но тие пропаднаа

Овие денови во италијанската јавност многу се зборува за можна продажба на Интер, најмногу поради кризата која ја создаде пандемијата со коронавирусот.

Антонио Конте сега за медиумите во Италија зборуваше дека првичните планови кои ги имала компанијата „Сунинг“ пропаднале.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


„Плановите на почетокот беа поинакви. Проектот кој го планираше „Сунинг“ мораше да запре, меѓутоа понекогаш треба да се молчи за работите да бидат како што треба“, изјави Конте, па потоа зборуваше за натпреварот со Јувентус.

„Им подаривме два гола, но пред нас е реваншот во кој имаме шанса да ги поправиме работите. Заработивме и две повреди, го немаше и Лукаку, меѓутоа тоа не е оправдување. Сега не чека натпреварот со Фиорентина и тој ќе биде натпреварот на кој ќе мислиме“, изјави Конте.

Во Интер во јануарскиот преоден рок не стигна ниту едно засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Погледнете што промаши Лукаку🎥

Ромелу Лукаку како да е претплатен за големи промашувања, па и ова Европско првенство го з…