Дома Трансфер зона Конте со ултиматум до раководството -бара четири засилувања!

Конте со ултиматум до раководството -бара четири засилувања!

Тренерот на анктуелниот англиски шампион Челзи, Антонио Конте не го крие незадоволството од преодниот рок, па поради тоа Италијанецот постави ултиматум да му бидат остварени неколку трансфер желби.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми пренесуваат дека Конте бара четири засилувања до крајот на преодниот рок. На врвот на листата се наоѓа играчот за врска на Лестер, Дени Дринквотер.

Тука се уште и Рос Баркли од Евертон, Алекс Окслејд Чемберлејн од Арсенал и Алекс Сандро од Јувентус.

Конте исто така не е задоволен и од опциите кои ги има во нападот, па можно е да изврши притисок да му биде доведен Љоренте од Свонси, а исто така голема желба му е и стоперот на Саутемптон Вирџил ван Дијк, но тој трансфер е малку веројатен.

„Сините“ ова лето доведоа три нови засилувања, Мората, Рудигер и Бакајоко, но тимот го напушти Немања Матиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…