Дома Топ вести Конте пред потпис во Интер: Ова е неговата прва трансфер желба!

Конте пред потпис во Интер: Ова е неговата прва трансфер желба!

Италијански „Скај Спорт“ дознава дека Антонио Конте е многу блиску до клупата на Интер и наскоро се очекува официјализација.

Конте е во преговори со Интер е веќе подлго време и изгледа сега конечно двете страни успеале да се договорат. Според „Скај Спорт“ Италијанецот ќе потпише тригодишен договор „тежок“ 9 милиони евра по сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Нероаѕурите“ му ветиле на Конте солиден буџет за летни засилувања, а медиумите го открија првото име кое стратегот му го побарал на раководството.

Наводно, посебно дал услов за ангажирање напаѓач, зашто Мауро Икарди најверојатно ќе го напушти клубот.

Поранешниот тренер на Челзи сака да го донесе Ромелу Лукаку, зашто верува дека тој фантастично ќе се вклопи во италијанскиот стил на игра.

Лукаку е на излезна врата од Манчестер Јунајтед и не крие дека негова желба е да заигра во Серија А, па Интер ќе направи се за да му ја исполни желбата на Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …