Дома Фудбал Англија Конте: Не сме без шанси, знаеме која е Барселона, но ќе ја играме нашата игра!

Конте: Не сме без шанси, знаеме која е Барселона, но ќе ја играме нашата игра!

Конте е свесен дека Барселона е фаворит, но истакнува дека неговиот тим нема однапред да се предаде.

„Двомечот почнува со резултат 0:0. Знаеме која е Барселона. Голем клуб, еден од најсилните на светот сосем сигурно. Ова е тим на натпревар кој не може да се одигра туку така, секогаш постои возбуда и еуфорија кога играте. Барселона негува специфичен стил на игра и сака да има теренска доминација, но не смееме да се откажеме од својата игра“, истакна Конте и продолжи:


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Барселона на хартија е фаворит за пласман во следната фаза, но подготвени сме да се бориме. Тие играат фантастична сезона, лидери се во Шпанија и имаат голема шанса да го освојат и Купот. Сепак, мислам дека ние не сме без шанси“.

Неизбежно прашање беше и тоа- Како ќе го чувате Лео Меси?

„Меси е најдобриот играч на светот. Тој има можност во секоја ситуација да пронајде решение и создаде шанса кога изгледа дека сте сигурни. Нема дилеми дека Меси е најопасен заедно со Суарез, но тие двајца не се единствени. Барселона има многу квалитетни играчи на кои треба да се обрне внимание“.

Првиот меч Челзи и Барселона го играат на „Стемфорд Бриџ“, а реваншот на „Камп Ноу“, што би можело да биде дополнителна предност за Каталонците пред овој двомеч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона се засилува со ѕвездата на Манчестер Сити!?

Бернардо Силва е голем фан на Барселона, каде впрочем живее и дел од неговото семејство, а…