Дома Трансфер зона Конте не застанува, следна мета фудбалерот на Интер!

Конте не застанува, следна мета фудбалерот на Интер!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, на „Џузепе Меаца“ пристигнала понуда од страна на шампионот на Англија.

Конте ова лето доведе четири нови играчи, Вили Кабаљеро (Манчестер Сити), Антонио Рудигер (Рома), Тијем Бакајоко (Монако) и Алваро Мората (Реал Мадрид).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пари има уште, а Конте сака што поголем број на играчи во ростерот, бидејќи „сините“ во наредната сезона ќе се натпреваруваат на четири фронта, па Конте сака да биде конкурентен на секој.

Според последните информации на италијански медиуми во редовите на Челзи би можел да пристигне фудбалерот на Интер, Антонио Кандрева. Наводно, англискиот шампион веќе испратил понуда од 18 милиони фунти, на адреса на „нероаѕурите“.

Интер нема намера да се откаже од играчот кој минатото лето пристигна во нивните редови од екипата на Лацио, но не ја исклучуваат можноста за негово заминување во случај на вистинска понуда.

Се шпекулира дека понудата од „сините“ не е доволно висока и дека управата на Интер очекува седум милиони повеќе.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…