Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, призна дека не знае дали ќе продолжи да го води тимот следната сезона.
Со вчерашниот пораз од Тотенхем „сините“ се повеќе се оддалечија од Топ 4 односно од местата кои водат во Лигата на Шампионите следната година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Морам да бидам искрен, не знам дали ќе бидам во Челзи. Тоа не е мој проблем, туку е проблем на клубот. За нас менаџерите никогаш ништо не е случајно. Може да имате договор, но не знаете што ќе се случи по еден или два натпревари. Се зависи од резултатите“, изјави Конте.
Од неодамна се шпекулира дека Конте би можел да се врати на чело на италијанската репрезентација. Меѓутоа неговото име исто така се поврзува и со други европски гиганти.